Во Општина Струмица со пригодни свечености се одбележа 9 Мај-Меѓународниот ден на победата над фашизмот и Денот на Европа.
Денот кога е победен фашизмот беше одбележан пред споменикот на паднатите борци во НОАВМ во Малиот градски парк, каде беше положено свежо цвеќе, а за значењето на празникот зборуваше градоначалникот Коста Јаневски.
– Македонија беше на страната на антифашистичката коалиција и во борбите против фашистичките окупатори даде околу 33. 000 жртви, меѓу кои се и седумте илјади Евреи кои за време на војната беа депортирани во концентрационниот логор Треблинка. Поради сево ова нашата татковина, рамноправно со сите останати слободољубиви земји, го слави денешниов ден како Ден на победата над фашизмот, рече Јаневски.
Денот на Европа беше одбележан беше одбележан и со засадување дрвца во паркот на домашните миленичиња.