Италијанската крајбрежна стража пресретна четири мали бродови кои превезувале повеќе од 500 мигранти и ги придружуваше до островот Лампедуза, на околу 200 километри од Сицилија, објави денеска АНСА.

На еден од бродовите имаше 325 луѓе, а тој беше запрен на 13 километри од Лампедуза.

Патролен брод на италијанската полиција, која се бори против финансиски криминал и криумчарење, придружуваше друг брод со околу 90 лица.

На преостанатите два брода имаше 96 и 16 лица, а тие денеска пристигнаа на медитеранскиот остров, додаде АНСА.

Сите мигранти беа префрлени во таканаречената „жешка точка“, центарот за миграции на островот.

Лампедуза е едно од главните пристаништа за мигранти, кои доаѓаат претежно од Тунис и Либија, со цел да стигнат до Европа.


Администратор
09/05/2021 13:20