Актуелниот светски првак во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон, ја обезбеди 100-та пол – позиција во својата кариера, постигнувајќи денеска најбрзо време во квалификациите за Големата награда на Шпанија.

Од првиот ред покрај Хамилтон ќе стартува холандскиот возач на Ред Бул, Макс Верстапен, додека трето време во квалификациите постигна Валтери Ботас од тимот на Мерцедес.

Трката за Големата награда на Шпанија се вози утре со почеток од 15 часот.


Администратор
09/05/2021 01:27