Голем интерес за имунизација на регионалниот пункт во штипската сала „Јордан Мијалков” – за четири дена првата доза од кинеската вакцина „Синофарм” ја примиле над 3000 граѓани, од кои само вчера над 1300.

Дијана Коцева-Миланова, лекар на вакциналиот пункт во салата „Јордан Мијалков”, вели дека потрошени се и 2000 вакцини во пунктовите на здравствените домови во штипскиот и струмичкиот регион, кои се дадени за да се имунизира населението над 70 години, а се очекува од понеделник да се спушти и старосната граница.

-Во текот на вчерашниот ден примивме нова пратка од 2500 вакцини, за денеска очекуваме на овој пункт да се имунизираат околу 1200 граѓани, рече Коцева-Миланова.

За разлика од вчера кога имаше турканици и полицијата мораше да воспостави ред пред салата, денеска граѓаните самите го почитуваат редот и без гужви и нервози влегуваат во пунктот за имунизација.

На овој пункт се имунизираат и вработените во критичната инфраструктура од штипскиот и струмичкиот регион.

– Работата на пунктот се одвива без проблеми. Организацијата од страна на здравствените работници, студентите од Универзитетот „Гоце Дел


Администратор
08/05/2021 17:50