Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска изјави дека земјата има развиено своја вакцина против коронавирусот.

– Вчера ја добивме нашата вакцина во епрувета – белоруски. Друга, поинаква од онаа што ја купуваме денес. Она што лекарите го нарекуваат жива вакцина, рече Лукашенко.

Лукашенко потсети на негативните реакции што ги доби откако објави дека Белорусија планира да развие своја вакцина.

Тој исто така истакна дека не постои гаранција оти постојната вакцина ќе обезбеди заштита од нови видови на коронавирус.

– И денес имаме вакцини кои работат, (произведени) во рамките на руските технологии и купени од Кина. А утре нашата вакцина, која веќе ја имаме во епрувета, ќе ја приспособиме на кој било иден вид на вирус. Кој знае што ќе се случи утре, рече Лукашенко.


Администратор
08/05/2021 00:25