Македонската атлетика ќе има тројца претставници на Европскиот куп во фрлачки дисциплини што овој викенд ќе се одржи во Сплит.

Атлетичарката Матеја Ефремовска ќе настапи во дисциплината фрлање диск, додека Кирил Стојановски и Стефан Ацковски ќе бидат македонски претставници во фрлање копје.

Европскиот Куп во фрлачки дисциплини што в сабота и недела ќе се одржи во хрватскиот град Сплит е првиот атлетски собир на отворено на стариот континент во оваа година.