Привршуваат последните подготовки за ставање во употреба на тријажната модуларна амбуланта во Ресен, каде ќе бидат лекувани пациенти позитивни на Ковид – 19.
Директорката на Здравствен дом Ресен, Сања Андоновска информира дека направено е примопредавање на објектот од страна на изведувачот и оти ги прават последните подготовки за деновиве да го стават во функција.
– Привршуваме со подготовките. Потребни се уште неколку финеси и деновиве ќе ја ставиме во употреба тријажната амбуланта наменета за пациенти со Ковид-19, рече Андоновска.
Модуларниот тријажен центар, како што истакна, располага со тријажна амбуланта, простории за дијагностика и за дневна терапија.
– Во тријажната амбуланта ќе се вршат сите лабараториски услуги, ќе се прават тестови и рендген снимања. Има и кревети каде пацинетите со коронаиврус ќе примаат терапија и просторија за предизолација, појасни Андоновска.
Состојбата со коронавирусот во Преспанскиот регион, според директорката, е драстатично подобрена. Последните денови се регистрира по еден новозаразен, а намален е и бројот на хоспитализирани пациенти.