Без електрична енергија денес од 09:00 до 11:00 часот ќе бидат потрошувачите околу градинката ЈУГД „Детска Радост” во Железара, на улицата Гемиџиска во Општина Гази Баба.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е поради веќе закажани технички зафати од ЕВН Македонија АД.