Оскаровскиот филм „Друга тура“ (Druk) ќе добие и своја холивудска преработка, а главниот актер Мадс Микелсен во новата верзија би можел да биде заменет со Леонардо ди Каприо. Сепак, како што пренесува „Варајети“, ова сè уште е неофицијално.

Продуцентската куќа „Апијан веј“ на Ди Каприо ги откупи правата на филмот откако се натпреваруваше со продуцентските куќи на глумецот Џејк Гиленхал и на Елизабет Бенкс. Томас Винтерберг, кој изненади со номинацијата за Оскар за режија, на данскиот филм, ќе биде извршен продуцент на новата верзија, заедно со Сисе Граум Јиргенсен и Каспер Дисинг. Винтерберг заедно со Тобијас Линдхолм го напиша и сценариото за данската „Друга тура“, но нема да ја пишува претстојната верзија.

Заплетот на данскиот филм, кој освои Оскар во категоријата најдобар неанглиски филм, раскажува за четворица пријатели кои консумираат алкохол за да ја тестираат теоријата дека одржувањето на одредено ниво на алкохол во крвта инспирира креативност и влијание врз нивниот секојдневен живот.

Заедно со Микелсен, во актерската екипа беа и данските актери Томас Бо Ларсен, Магнус Миланг и Ларс Ранте. Компаниите „Ендевор“ и „Мејкреди“ ќе го финансираат филмот на англиски јазик.


Администратор
27/04/2021 23:02