Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе предлог за издавање казнен налог против едно лице за кривично дело – Злоупотреба на лични податоци од член 149 став 1 од Кривичниот законик.

– Обвинетиот 26-годишник од Врапчиште, во текот на месец август 2019 година, ги злоупотребил личните податоци на две оштетени лица. Без нивна согласност, тој отворил профили со нивно име на социјалната мрежа Инстаграм и на тие профили ставил лични податоци и фотографии од оштетените, со цел да им наштети на нивните чест и углед, се вели во соопштението од ОЈО.​​


Администратор
22/04/2021 00:23