Денеска (21.04.2021) полициски службеници од Одделот за криминалистичка полуција - Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, во содејство со СВР Скопје - Единица за недозволена трговија на наплатна рампа "Миладиновци" ги лишија од слобода Т.З.(43) и Ш.Н.(30), двајцата од Штип. Имено, при извршена контрола на патничко возило "голф", со штипски регистарски ознаки, управувано од Ш.Н. од Штип, во кое сопатник бил Т.З., и преглед над двете лица, полициските службеници кај Т.З. пронашле полиетиленско пакување хероин. Двајцата се приведени во Полициска станица Гази Баба, а по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик.


Администратор
21/04/2021 22:53