Гостиварското јавно обвинителство поднесе обвинение против четири лица од Чегране на возраст од 18-19 години кои заедно со уште двајца малолетници извршиле насилство врз едно лице,а ја загрозиле и сигурноста на други лица присутни на настанот.

– На 9 јануари обвинетите, во група заедно со уште двајца малолетници, извршиле грубо насилство врз едно лице, а ја загрозиле и сигурноста на други сведоци на настанот. Најпрвин еден од обвинетите го удрил оштетениот со метална шипка во пределот на главата, а потоа откако паднал, сите заедно продолжиле да го удираат, нанесувајќи му телесни повреди – нагмечувања и расцепни рани.​, се појаснува во соопштението од јавното обвинителство.


Администратор
21/04/2021 16:15