Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе предлог за издавање казнен налог против едно лице, за кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопшти денеска Јавното обвинителство, на 25 март, обвинетиот 36-годишен жител на Чаир, Скопје бил затекнат во непочитување на важечкиот полициски час.

Имено, тој без да поседува дозвола се движел по магистралниот пат А2 Гостивар-Тетово околу 23 часот, со што постапил спротивно на прописите за спречување на ширењето на коронавирусот.

Јавниот обвинител предложи да му биде изречена парична казна.​​


Администратор
21/04/2021 16:14