Познат е составот на Барселона за финалето на Купот на Шпанија со Атлетик Билбао. На списокот на тренерот Роналд Куман се најдоа и дефанзивецот Џерард Пике, како играчот за врска Ансуман Фати кои кои ги пропуштија претходните натпревари поради повреди.

Фати и голманот Нето сè уште не добиле дозвола од лекарите да учествуваат на натпреварот и нивното учество на натпреварот е доведено во прашање.

Во составот на Барселона се пријавени: Тер Штеген, Дест, Пике, Араухо, Бускетс, Гризман, Пјаниќ, Брајтвајт, Меси, Дембеле, Пуиг, Нето, Лангле, Педри, Тринкау, Алба, Матеус, Роберто, де Јонг, Фати, Фирпо, Умтити, Пења, Мориба, Мингеса и Тенас.

Пике не игра од 3 март, а во последните пет месеци одигра само пет натпревари.

Натпреварот Атлетик – Барселона ќе се одржи на 17 април во Севиља.


Администратор
16/04/2021 13:41