Универзитетската професорка и пратеник од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова во интервју во утринската емисија „Утро со Златев“ на Радио Лидер по синоќешните случувања во македонското собрание за гласање на петтиот пакет на мерки, вели дека пратениците од опозицијата биле спремни за гласање на петтиот пакет на мерки, но Џафери сакал да го искористи нивното присуство за да обезбеди кворум и да изгласа други десетици закони од 32та седница.

Ние сите спремни бевме вчера час поскоро да го изгласаме пакетот мерки за оние кои им се најпотребни, тоа беше 36 точка, меѓутоа знаете како господинот Талат Џафери, јас мислам и дека тешко може да биде учител во школа на демократијата, а парламентите се така велат школа на демократијата оти офицер не може да биде демократ, одеднаш го услови преминот на договорената 36 седница со гласање за десетици закони од 32та седница. Зошто? За да го искористи нашето присуство, објасни Силјановска Давкова и додаде дека пратениците од опозицијата се согласиле до сабајле да дискутираат и да го усвојат пакетот, меѓутоа како што нагласи таа тие не можат да бидат традиционална замена за отсутните пратеници од парламентарното мнозинство.

Имено и ние и другите партии од опозицијата се согласивме ако треба до сабајле да останеме да дискутираме и да го усвоиме пакетот, меѓутоа не и да ги заменуваме традиционално отсутните пратеници од парламентарното мнозинство, вели Силјановска Давкова.

За секој закон или предлог да објаснам дека мора да е насочен кон општото добро, а не кон личен интерес, не кон колективен интерес, рече таа.

Силјановска Давкова додаде дека во време на ковид пандемија најзагрозени се слободите и правата на најранливите категории на граѓани ви општеството.

Слободите и правата на најранливите категории во општеството се најзагрозени во КОВИД 19 и ние не нудиме соодветен одговор, само политика што креира јавна вредност, е јавна политика, објасни Силјановска Давкова.


Администратор
16/04/2021 13:07