Општина Јегуновце доби донација од осум лаптопи од НЛБ Банка кои ќе им бидат доделени на ученици од социјално ранливи категории од општинското основно училиште „Симче Настовски“ во Вратница, за следење настава на далечина.

–Благодарност до Министерството за образование и наука и НЛБ Банка, општествено-одговорна компанија која продолжува да дава поддршка и подобрување на социоекономските прилики на локално ниво. Донацијата од осум лаптопи ќе се доделат на ООУ „Симче Настовски“ – Вратница за успешно следење на наставата во време на вонредни услови, предизвикани од пандемијата на коронавирусот, информираше градоначалникот Дарко Блажевски.