Познатиот македонски ракометар Филип Миркуловски на учениците од четврто одделение од ООУ „Рајко Жинзифов" од општина Кисела Вода им одржа онлајн едукативно предавање, информираат од Општината.

Како што велат оттаму, Миркуловски на децата им зборувал за неговите почетоци во ракометот, им кажал што треба да прават за да ги постигнат неговите спортски успеси и нагласил зошто е важно да се спортува, одговарајќи им на сите прашања поврзани со спортот.

На крајот од часот, Миркуловски на учениците им ветил дека по завршувањето на пандемијата во нивното училиште заедно ќе одржат час по физичко и здравствено образование и дека нема да заборави да ги покани на некои од натпреварите на Македонската ракометна репрезентација.


Администратор
16/04/2021 12:59