Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (15.04) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 136 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 46, шест за возење без возачка дозвола, три за нерегистрирани возила.

Изречени се 10 санкции за користење мобилен телефон, четири за минување на затворен сигнал (црвено светло), три за некористење сигурносен појас, и 41 санкција за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.


Администратор
16/04/2021 11:37