Последните два дена во Здраствениот дом во Македонски Брод, не се врши вакцинација на лицата под 75 годишна возраст а причина е неможноста на граѓаните да ја отворат апликацијата „Мој термин“ и да се пријават, тврди директорот на Здраствениот дом, д-р Жарко Симески.

– ОТКАКО ЈА ЗАВРШИВМЕ ИМУНИЗАЦИЈАТА НА ГРАЃАНИТЕ КОИ СЕ ПРИЈАВИЈА НА „МОЈ ТЕМИН“ А БЕА НА ВОЗРАСТ НАД 77 ГОДИНИ, ОЧЕКУВАВМЕ ВАКЦИНАЦИЈАТА ДА ПРОДОЛЖИ СО НЕШТО ПОМЛАДАТА ПОПУЛАЦИЈА НА 73 И 74 ГОДИШНА ВОЗРАСТ, ШТО БЕШЕ НАЈАВЕНО И ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАСТВО, ИСТАКНА ДИРЕКТОРОТ И ГИ НАГЛАСИ ПРИЧИНИТЕ ПОРАДИ КОИ ИМУНИЗАЦИЈАТА Е ВО ЗАСТОЈ.

– ПОРАДИ НЕМОЖНОСТА НА ОВАА ВОЗРАСНА ГРУПА ДА СЕ ПРИЈАВИ ЗА ИМУНИЗАЦИЈА И ДА ПРОДОЛЖИ ОВАА ОПЕРАЦИЈА, КАЈ НАС ВЕЌЕ ДВА ДЕНА НЕ СЕ ОДВИВА ВАКЦИНАЦИЈАТА, ДОДАДЕ СИМЕСКИ.

Имаме на располагање уште 50 вакцини на Астра Зенека и планиравме, ако се течеше според планот , до крајот на неделава да ја потрошиме оваа залиха, додава Симески и најави дека утре ќе оди за Скопје и ќе стапи во контакт со луѓето од министерството, ќе им го предочи постоечкиот проблем и ќе побара имунизација да продолжи што поскоро.


Администратор
15/04/2021 23:11