Крилниот центар на НБА тимот на Бруклин, Ламаркус Олдриџ, објави денеска дека ја завршува својата кариера на совет на лекарите поради проблеми со срцето.

Олдриџ, кој на 28 март потпиша договор со Бруклин, имаше проблеми со срцето на мечот против Лос Анџелес лејкерс минатата недела, а неговата здравствена состојба по натпреварот се влоши.

-Иако сега е подобро, тоа што таа ноќ го почувствував беше една од најстрашните работи што ги имам доживеано. Затоа донесов одлука да се повлечам од НБА. Веќе 15 години кошарката ми е приоритет, но сега е време сопственото здравје и моето семејство да ги ставам во преден план, напиша 35-годишниот Олдриџ на својот Твитер профил.

Олдриџ претходно во кариерата играше за Портланд од 2006 до 2015 година и за Сан Антонио од 2015 до март оваа година, со просек од 19.4 поени и 8.2 скокови по натпревар.

Седум пати беше дел од Ол-стар натпреварите.


Администратор
15/04/2021 23:02