Министерот за здравство Венко Филипче повторно со нови контрадикторни изјави. Денеска тој соопшти дека на состанок на Кризниот штаб како предлог е прифатено да се направи измена на Законот здравствена заштита со која на приватните болници да се ограничи висината на финансиски средства за време на кризата што се однесуваат на лекување на ковид пациенти.

Пред неколку дена пак во изјава за медиумите истиот министер тврдеше дека Владата нема начин ноту правен механизам како да ги ограничи цените на лекувањето на приватните клиники.