Митрополитот Брегалнички г.Иларион денеска во соборниот храм „Св.Кирил и Методј“ во Делчево одржа божествена литургија на која во сослужение на свештеници од кочанското архиерејско намесништво и делчевското свештенство, пред верниците во пресрет на Велигден истакна дека преку крстот дојде Воскресението и општото воскресение и спасение на човечкиот род.

-Бог на никого не му наметнува спасение, туку со својата милост не чека да се покаеме, да се одбраниме, да не прими да не пренесе во прегратките на својот отец, да не врати и возбнови, покажувајки ни го својот пат кон Воскресението, давајќи ни живот вечен и радост, рече г.Иларион.

Тој се осврна и на искушението пред кое, како што рече, е исправен целиот христијански народ.

-Нека ни даде сила и трпение да го издржиме и ова ново искушение кое е создадено во светот, кое е против нас, а заради нас, затоа што отстапивме од Бога и заборавивме на милоста Божја, затоа што Бог го допушти да се вразумиме и сетиме дека не можеме да живееме без Бога, порача владиката од Делчево.

Божествената литургија во Делчево се одржа пред мал број верници и со почитување на мерките за заштита од Ковид-19.


Администратор
11/04/2021 13:48