Моментно третопласираниот тим во Западната конференција во НБА лигата Лос Анџелес клиперс најмалку во следните три недели ќе биде без стандарниот кошаркар Патрик Беверли поради повреда.

Како што објавија америакнските медиуми, Беверли беше повлечен од игра за време на четвртата четвртина на натпреварот против Феникс во четвртокот поради фрактура на левата рака и ќе мора да биде опериран.

Посилната страна на Беверли е игра во одбраната, а на 31 натпревар сезонава тој има ефект од 8.0 поени, 3.6 скокови и 2.1 асистенции по натпревар.


Администратор
11/04/2021 12:57