Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп ги сподели своите впечатоци по натпреварот од 31. Коло во Премиер лигата со Астон Вила (2:1).

„Црвените“ ја прекинаа серијата од шест последователни порази на домашен терен.

– Доминиравме во играта, но направивме една грешка и примивме гол. Потоа постигнавме гол, но ни беше поништен поради офсајд позиција. За време на паузата, расположението не беше добро, можете да замислите, но се покажа дека ги пронајдов вистинските зборови.

Не требаше премногу да ги расположувам, тие знаеја дека ако продолжиме да играме на ист начин, повторно ќе создаваме шанси. Оваа победа ни требаше, се чини дека овие три бода се важни. Треба да извршиме притисок врз другите тимови. Секој знае дека сме опасни кога сме во ритам, изјави Германецот.

Ливерпул по 31 одигран натпревар во премиер лигата има 52 бода и во моментов е на четвртата позиција на табелата.


Администратор
11/04/2021 01:05