Напаѓачот на Баерн, Роберт Левандовски го пофали напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Холанд.

– Одличен играч. Тој има голем потенцијал, иако е сè уште многу мал. Тој има шанса да стане најдобриот напаѓач на светот во иднина. Тоа е сигурно. Добро е што Холанд игра во Бундеслигата. Ми се допаѓа што има еден млад играч со кого можам да се споредувам. На неговото лице е напишано дека сака да постигне гол. Тој може да стане најдобар, а јас сакам да настапувам на високо ниво уште многу години. Холанд веќе постигна многу голови и покрај неговата млада возраст, рече Левандовски во интервју за „CBS Sports“.

Триесет и двегодишниот Полјак, кој сега е повреден, постигна 35 гола на 25 натпревари во Бундеслигата. Холанд постигна 21 гол на 22 натпревари во германската лига.


Администратор
10/04/2021 15:59