Во издание на „Матица македонска“ од Скопје излезе од печат книгата „Лево-десно, економијата низ две перспективи“ од универзитетските професори Никола Поповски и Трајко Славески, поранешни министри за финансии на Република Македонија.

Во јавноста се познати концепциските разлики на авторите, па дури и нијансите во нивните економски, а понекогаш и општествени сфаќања.

„На страниците од ова дело Поповски и Славески дебатираат за дваесет важни теоретски или практични економски прашања и проблеми. Внимателното читање ќе покаже на многу сличности во сфаќањата, но и на важните разлики. Со коавторството на ова дело познатите универзитетски професори пробиваат и некои видливи или невидливи бариери во општеството“, велат од Матица.

Иницијативата за подготовката на ова дело е на Зоран Јовановски, кој е автор на предговорот кон изданието.

Поповски беше министер од редовите на СДСМ, додека Трајко Славески на чело на оваа функција застана во владата на ВМРО-ДПМНЕ, во 2006 година.


Администратор
09/04/2021 11:43