Меѓународна ликовна изложба, насловена „Временските граници не постојат“, ќе биде отворена денеска во 13 часот во Дом на култура „Кочо Рацин“ во Скопје и ќе трае до 19 април.

На изложбата ќе бидат изложени дела на чешките уметници Ленка Сарова Малиска, Карел Штаинер и Петра Јовановска.

Ликовниот проект е поддржан од Дом на култура „Кочо Рацин“ Скопје, Град Скопје и Амбасада на Р. Чешка.

На настанот се очекува присуство на чешкиот заменик-амбасадор во државава Лубомир Пшенка.


Администратор
09/04/2021 10:15