Ракометарите на Вардар 1961 го завршија настапот сезонава во Лигата на шампиони (ЛШ), откако вечерва вторпат за една недела беа поразени во осминафиналната пресметка против Веспрем со 39:30 (20:15).

Унгарскиот тим рутински ја комплетираше задачата по минатонеделниот убедлив триумф во Скопје од 41:27 не дозволувајќи му на актуелниот македонски првак ниту најмала шанса за евентуална сензација.

Ракометарите на Веспрем за противник во четвртфиналето ќе го имаат француски Нант во чиј редови настапува македонскиот капитен и селектор Кирил Лазаров.


Администратор
08/04/2021 21:44