Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими Љатифа Шиковска, пратеничка во Собранието на Република Македонија, Неждет Мустафа, претседател на Обединетата партија за еднаквост на Ромите – ОПЕР, Зоран Димов и Шенај Османов, претставници на Мрежата за застапување за трајни и системски решенија за интеграција на Ромите, кои побараа да се сретнат со претседателот Пендаровски за да го запознаат со состојбите поврзани со ромската заедница.

На средбата се разговараше за актуелните предизвици за интеграција на ромската заедница во општествените текови, како и за приоритетните активности за подобрување на севкупната состојба на Ромите во земјава.

Соговорниците го запознаа претседателот Пендаровски со тековните процеси во државата поврзани со евидентирање на лицата без документација, подобрување на домувањето во ромските населби, зголемување на можностите за вработување, како и со застапувањето за трајни системски решенија во насока на побрзо вклучување и интеграција на Ромите во државата.

Честитајќи го Меѓународниот ден на Ромите, претседателот Пендаровски истакна дека ромската заедница која е нераскинлив дел од нашето мултикултурно општество заедно со сите други народи во земјава придонесува во градењето и зачувувањето на заедничката татковина. Во насока на подобрување на интеграцијата на Ромите во нашето општество, претседателот Пендаровски ја изрази својата поддршка за заеднички ангажман на сите чинители во државата водејќи се од принципот на недискриминацијата, еднаквост и владеење на правото.


Администратор
08/04/2021 16:47