Албанскиот премиер Еди Рама во реакција во врска со штрајкот на контролорите на аеродромот во Тирана го обвини претседателот Илир Мета дека тој заедно со Сали Бериша, ги поттикнал котролорите на летање на штрајк.

Рама вели дека Илир Мета е поттикнувач на „овој луд удар“ додавајќи дека нема да успеат. Според Рама, групата поттикната од него и Сали Бериша , извршиле сериозен чин на блокирање на активноста на аеродромот „Мајка Тереза“.

-ВУЛГАРНИОТ ХУМОР НА И.М., ДОДЕКА ГРУПА ПОТТИКНАТИ ОД НЕГО И САЛИ, ИЗВРШИЈА СЕРИОЗЕН ЧИН НА БЛОКИРАЊЕ НА АКТИВНОСТА НА АЕРОДРОМОТ „МАЈКА ТЕРЕЗА“, ЕДНОСТАВНО ПОТВРДИ ДЕКА И.М Е ПОТТИКНУВАЧ НА ОВОЈ ЛУД УДАР И НЕМА АЛБАНЕЦ КОЈ НЕ РАЗБИРА ЗОШТО. НО, НЕКА ЗНААТ ДЕКА НЕМА ДА УСПЕАТ, НАПИША РАМА НА ТВИТЕР.

Обвинувањата на Рама, експресно ги отфрли Бериша, кој преку објава на Фејсбук истите ги нарече банални со кои „ Рама и министерката Балуку сакаат да ги затскријат кражбите и злоупотребата на огромни финанисски средства на Албконтрол“.

-ЈА ПОВИКУВАМ ЕВРОПСКАТА АГЕНЦИЈА ЗА ЦИВИЛНО ВОЗДУХОПЛОВСТВО, ЧИЈ ЧЛЕН Е И АЛБКОНТРОЛ, ДА ЗАПОЧНЕ ИНСПЕКЦИЈА НА ОВАА КОМПАНИЈА, КАКО ПРИОРИТЕТ, ЗА ДА СЕ НАЈДАТ ПРИЧИНИТЕ ШТО ГИ ПРИНУДИЈА НЕЈЗИНИТЕ ВРАБОТЕНИ ДА ШТРАЈКУВААТ, НАПИША БЕРИША.

Претходно при посетата на аеродромот министерката за инфраструктура, Белинда Балуку штрајкот и блокирањето на воздушниот сообраќај над албанското небо го нарече државен удар. Таа побара од претседателот Илир Мета, кој исто така се сретнал со контролорите и побарал информации од АлбКонтрол, јавно да се произнесе за оваа состојба.


Администратор
08/04/2021 00:07