При претрес во семејна куќа, делчевската полиција пронашла 29 прачки динамит и фитил.

Динамитот како што соопштија од полицијата уредно бил складиран во тавански простории од претресената куќа.

– ДИНАМИТОТ Е ПРОНАЈДЕН ВО ДОМОТ НА 67-ГОДИШНИОТ М.Ц., КОЈ НЕ ЖИВЕЕЛ ВО КУЌАТА. СЕ УШТЕ СЕ ИСТРАЖУВА ДАЛИ ДИНАМИТОТ Е СКЛАДИРАН ОД СПОМЕНАТОТО ЛИЦЕ ИЛИ ТАМУ ГО ОСТАВИЛ НЕКОЈ ОД НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО, КАКО И ТРЕТИ ЛИЦА, ИНФОРМИРААТ ОД ПОЛИЦИЈАТА.

Според МВР, се уште се утврдува потеклото, како и намерата зошто бил наменет динамитот.

Подигнатите експлозивни предмети по запленувањето се предадени во канцеларијата на Дирекцијата за заштита и спасување во Делчево.


Администратор
07/04/2021 23:57