Шверцерска одлука на РКЕ, на еден час пред полициски час бензините поскапени за 3 денари.

Ова е второ покачување на цените на горивата оваа недела, откако на 5 април беа веќе еднаш покачени. Ова е 4 денари покачување за една недела. Ова е преседан и сигнализира дека власта незнае како да го полни буџетот па удира по народот.

Партиската испостава на Заев, која го регулира енергетскиот пазар ги покачи цените на горивата во сред недела, на само еден час пред почеток на полициски час.

Граѓаните брзаат кон бензинските и се создаваат колони со возила.

РКЕ на Заев во пандемија немилосрдно удира по џебот на граѓаните.

По покачените акцизи, константното покачување на цените на горивата е уште еден начин за полнење на празниот буџет директно од сиромашните граѓани.


Администратор
07/04/2021 21:43