Легендарната американска тенисерка, 39–годишната Серена Вилијамс, соопшти дека нема да настапи на големиот ВТА турнир што оваа недела започнува во Мајами, бидејќи сè уште не се рехабилитирала од операција на грлото.

– Разочарана сум што морам да го откажам настапот во Мајами поради неодамнешната операција, изјави Вилијамс.

– Мајами за мене е специјален турнир, таму е мојот дом и жалам што нема да имам можност да се сретнам со прекрасните навивачи, но се надевам дека ќе настапам догодина, додаде американската ветеранка, која во кариерата има освоено рекордни 23. грен-слем трофеи.


Администратор
22/03/2021 23:39