Домашната средина и сѐ она што нѐ опкружува, е поврзано со нашето целокупно здравје, па затоа е многу важно како човекот се чувствува во својот дом.

Сесил Аренс, терапевтка која води своја интернет-емисија за ментално здравје, под наслов „Get Mental“, открива – кои работи што се наоѓаат во спалната соба можат да ни го зголемат стресот?

– Одредени предмети и елементи можат да создадат стрес и да предизвикаат напнатост и стегнатост на нашите тела, рече Аренс.

1. Немате доволно простор за своите работи. Недостатокот на соодветен простор за сместување на личните предмети, како што се оние за лична хигиена, може да доведе до неред. Визуелните гужви го отежнуваат опуштањето.

– Ослободувајќи простор, му давате слобода и на вашиот ум!, вели Марк Ловен, терапевт и основач на Центарот за советување „Лауннч-пад“.

Затоа е важно да нема неред во просториите за одмор и опуштање. Аренс нагласува дека работите што се скршени или повеќе не ни требаат – одат во отпад.

2. Несреден кревет… Преклопувањето на креветот е задача што ќе Ви даде подобро чувство од самиот почеток на денот. Аренс наведува дека неуредниот кревет е пример за неорганизација, поради што Вашата спална соба може да го зголеми стресот.

3. Расфрланата облека, исто така, предизвикува стрес и чувство на затегнатост. Затоа е важно да бидеме во тек со уредноста на просторијата во која спиеме или се опуштаме.

– Со цел – спалната соба да стане „оаза на мирот“ и одморот, потребно е да се среди креветот, да се стави облеката на своето место и непотребните работи да се фрлат в ѓубре, гласи заклучокот на психотерапевтката.


Администратор
17/03/2021 14:00