Библиски свиток стар 2.000 години е откриен во Јудејската Пустина. Ова е прво вакво откритие по неколку десетлетија, кога беа откриени свитоци кај Мртвото Море, соопшти Израелската служба за антиквитети.

Свитоците биле пронајдени во пустинска пештера, а содржат библиски текст, додека експертите веруваат дека биле скриени пред 1900 години за време на еврејскиот бунт против Рим.

Се верува дека новооткриените делови припаѓаат на групата фрагменти од таканаречената „Пештера на ужасите“ именувана по 40-те човечки скелети пронајдени таму за време на ископувањата во 1960-тите. Пештерата се наоѓа во оддалечен кањон во јудејската пустина јужно од Ерусалим.

Свитоците од Мртвото Море се збирка еврејски текстови пронајдени во пустинските пештери на Западниот брег кај Кумран во 40-тите и 50-тите години на минатиот верк, датираат од 3 век п.н.е. до 1 век н.е.


Администратор
16/03/2021 23:20