Претседателот на Македонската традиционална карате федерација, Венцислав Недев и генералниот секретар, Дејан Недев денес остварија средба со претседателот на Македонскиот олимписки комитет Даниел Димевски.

На средбата беше разговарано на повеќе теми за соработка помеѓу МТКФ и МОК. Претставниците на МТКФ го информираа Димевски за нивните активности и функционирањето во време на пандемија. Сите активности (натпревари, семинари и тренинзи) се одвиваат според сите протоколи.

Недеви го информираа Димевски и за претстојните активности кои се планираат да се организираат од страна на МТКФ во текот на 2021 година, а тоа е организација на Балкански шампионат и Европска лига во традиционално карате.


Администратор
16/03/2021 16:13