Поранешниот 21-ви рекет на светот, Леонардо Маер, изрази задоволство поради враќањето на Роџер Федерер на терените. Денес Швајцарецот ќе игра со Дан Еванс во второто коло на турнирот во Доха, Катар.

– Во споредба со Федерер, јас сум едно новороденче кое само што се појавило на свет. Тенисот ќе изгубеше многу ако не беа Федерер, Надал и Ѓоковиќ. Тенисот има потреба од нив, бидејќи тие се најдобрите во историјата. Јас обично не гледам натпревари, но денес ќе направам исклучок за Роџер. Сакам да видам како ќе се движи по толку долга пауза, изјави Маер.

За Федерер денешниот меч ќе биде прв по повеќе од една година пауза. Тој последен пат официјален натпревар играше на Австралија опен во јануари минатата година.


Администратор
10/03/2021 15:15