Непосредно пред Меѓународниот ден на жената, се појави веста дека има група на апликацијата за комуникација на Телеграм во која има 36.000 мажи од Балканот (ЕКС-ЈУ БАЛКАНСКА СОБА), во која мажите споделуваат експлицитни фотографии, снимки, но и адреси на жени од оваа област. Очигледно е дека ова е одмаздничка порнографија, објави „Нова.рс“.

Групата работи така што членовите пишуваат од каде се, па чекаат некој од другите членови на групата да им испрати слики, контакти, па дури и адреси на девојки од тоа место.

Инстаграм страницата „Критички“ дозна за постоењето на оваа група, со која контактирала загрижена жена, со сомневање дека во рамките на групата се споделувале фотографии и снимки од малолетнички, како и дека многу жени биле загрозени со откривање на нивниот идентитет и место на живеење.

Групата во меѓувреме е избришана.