Фудбалерите на Глазгов Ренџерс денеска и теоретски ја обезбедија титулата во Шкотска, на шест кола до крајот на првенството.

Ренџерс вчера го совлада Сент Мирен на домашен терен со 2:0 и за потврда на титулата му беше потребно главниот конкурент Селтик да не победи попладнево на гостувањето кај Данди Јунајтед. Тоа и се случи, откако Селтик одигра без голови и Ренџерс на шест кола до крајот на шампионатот има недостижни 20 бодови предност.

За Ренџерс ова е вкупно 55 шампионска титула во клупската историја, а тимот предводен од Стивен Џерард, воедно, го спречи Селтик во обидот да стигне до рекордна десетта последователна титула во Шкотска.


Администратор
07/03/2021 16:41