Со месеци Христијан Мицкоски живееше во фатаморгана дека станува премиер.

Заради остварување на неговите хирови, тој и неколку негови соработници, со месеци ја лажеа јавноста дека има ново парламентарно мнозинство, дека Владата предводена од СДСМ само што не паднала.

Мицкоски и неговите поддржувачи со месеци ги блокираат важните процеси за иднината на државата само за тој да си ја задржи фотелјата во белиот дворец.

На крајот, се потврди дека сите лаги, сите блокади и опструкции се со една цел – спас на фотелјата на Мицкоски во белиот дворец.

Внатрешните пресметки за превласт во белиот дворец Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ се обидуваат да ги прекршат врз грбот на граѓаните.

Ако навистина се за интересите на граѓаните, а не за интерсите на Мицкоски пратениците од ВМРО-ДПМНЕ треба веднаш да престанат со деструкциите и да научат нешто од дебаклот што го доживеаја.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ имаат шанса да се вразумат и конечно да се престројат на страната на граѓаните и државата.

Со или без нивната поддршка, реформите во интерес на граѓаните продолжуваат, ќе продолжи и напредокот на државата.


Администратор
07/03/2021 11:46