ВМРО-ДПМНЕ е симбол на криминалот и корупцијата и нема минимум легитимитет да зборува за владеење на правото.

Очигледна е нервозата во белиот дворец по пресудата за предметот „Тврдина-Таргет“ и што конечно со правдата се соочи Сашо Мијалков човекот кој беше во врвот на режимот на ВМРО-ДПМНЕ, човек кој заедно со Никола Груевски го поставија Мицкоски на чело на партијата, па затоа продолжуваат со лажни вести и неосновани обвинувања

Бројните судски предмети што се водат против сегашни и бивши функционери на ВМРО-ДПМНЕ најдобро го опишува односот на оваа партија кон правдата и законите, а последна потврда за тоа е синоќешното приведување на претседателот на патриотскиот инситут на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов кој не ги почитувал законските ограничувања и мерки за заштита од коронавирусот.

На ВМРО-ДПМНЕ им пречи што Љупчо Николовски е сериозно посветен на борба против корупција на сите нивоа и затоа им е цел на лажни вести и неосновани напади.

Ниту Николовски, ниту неговиот брат, ниту кој било член на неговото семејство нема ниту добиено, а најмалку злоупотребено ниту еден денар од државата,како што лаже опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Додека Николовски, Владата, СДСМ остануваат посветени на ред, правда и дисциплина, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се посветени на одбрана на криминал и корупција во своите редови. Затоа се опозиција и затоа уште долго ќе останат таму.


Администратор
27/02/2021 17:08