Орагнизацискиот одобр на Меѓународениот поетски фестивал „Литературни искри“ го објави конкурсот за осмото издание на поеткста манифистација која се одржува во Гостивар.

Според пропзициите кои се објавени во конкурост, право да конкурираат имаат сите поети од Македонија и од Балканските земји без разлика на возраста. Творците конкурираат со по три до сега необјавени песни, не подолги од 32 реда, на слободна тема, напишана на мајчин јазик.

Песните со кои авторите ќе конкурираат на фестивалот треба да се испратат по електронска пошта на literaturniiskri@yahoo.com со краен рок 31 март.

– Пристигнатите творби ќе ги оценува тричлена комисија, а резултатите ќе бидат соопштени кон крајот на април. Освен избор на најдобрите автори што ќе влезат во трка за фестивалските награди, комисијата ќе направи и селекција на автори што ќе бидат застапени во заедничка поетска збирка, наведуваат од организационот одбор.

Фестивалот „Литературни искри“ во Гостивар се организира во чест на Денот на сесловенските просветители браќата Кирил и Методиј, 24-ти Мај.

Детали за конкурсот може да се преземат тука.


Администратор
27/02/2021 16:12