Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Л.С.(21) од с.Драгобраште, виничко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

Пријавениот, на 16.02.2021 на социјалната мрежа „Фејсбук“ неовластено влегол на корисничкиот профил кој го користи Д.Н. и извршил промена на лозинка за најавување, електронска адреса и на телефонски број, со што го направил профилот неупотреблив за администраторот.


Администратор
27/02/2021 01:39