Војската на САД на албанската армија и донираше 29 воени возила „хамви“.

Веста ја објави американската Aмбасада во Тирана наведувајќи дека овие возила ќе помогнат во подигање на албанската воена подготвеност и нејзината заедничка активност со НАТО.

-Дваесет и девет повеќенаменски возила со голема подвижност (хамви) пристигнаа на пристаништето во Драч. Овие возила се донација за вооружените сили на Албанија од Армијата на Соединетите држави и ќе помогнат да се зголеми албанската воена подготвеност и нејзината соработка со НАТО, стои во објавата.

Ова не е прва донација на возила од страна на американската армија. Претходно на двапати беа донирани вкупно 18 оклопни воени возила „хамви“.

Овој вид возила можат да бидат опремени со тешки и лесни митралези и минофрлачи. Можат да развијат максимална брзина од 125 километри на час, а тешки се шест тони и имаат автономија на движење од 443 километри.


Администратор
26/02/2021 23:37