Еден од најмоќните фудбалски менаџери во светот Мино Рајола откри денеска дека само десет клубови се финансиски моќни да си го дозволат норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд во своите редови.

-Само до десет екипи можат да си дозволат да го купат Халанд. Тој ќе биде една од ѕвездите во следната деценија, бидејќи гледаме дека ѕвездите како Ибрахимовиќ, Роналдо и Меси доаѓаат во време во кое сите се прашуваат „Колку долго уште можат да уживаат во фудбалот? Значи, сите бараат нова генерација, изјави Рајола за британскиот сервис Би-би-си.

Тој не сакаше да открие кои се десетте клубови финансиски моќни да платат за трансфер на Халанд, наведувајќи само дека четири од нив се од Премиерлигата.

Халанд (20) има договор со Борусија Дортмунд до 2024 година, со откупна клаузула од најмалку 100 милиони евра, што стапува на сила најрано во 2022 година.


Администратор
25/02/2021 23:28