Ерменскиот претседател Армен Саркисјан денеска вети дека ќе преземе мерки за намалување на тензиите во земјата и рече дека бара начини за мирно решавање на ситуацијата.

Тој ги повика сите политички сили и власти да постапуваат строго во рамките на Уставот, пренесе ТАСС.

– Секој несовесен збор или постапка само ја интензивира напнатоста и ја влошува кризата, посочи Саркисјан.

– Потврдувајќи ја улогата на институцијата Претседател како балансирачка структура, преземам итни чекори за намалување на тензиите и барам начини за мирно решавање на ситуацијата, изјави претседателот на Ерменија во изјавата објавена од неговата прес-служба.

Претходно денеска ерменскиот премиер Никол Пашинијан ги повика сите политички сили да престанат со сите активности на непослушност.

Тој се закани со апсења за несоодветни активности.

Претходно, Генералштабот на вооружените сили на Ерменија побара оставка од Пашинјан.

Тој тоа го нарече обид за воен удар, го смени началникот на Генералштабот и го повика народот на митинг.


Администратор
25/02/2021 22:50