Ни правниците не гледаат никаква логика во ова што се случува околу случајот со поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.

-Оние како мене кои што си ја сакаме работата и кои што ни е повеќе од само егзистенција, апсолутно се срамат од сето ова што се случува, но многу повеќе се срамам од фактот да ни ја навредуваат интелигенцијата, со навистина смешни образложенија. Така да, мене ми е многу многу жал, јас Русковска ја знам уште од многу порано, додека беше обвинител во оранизиран криминал уште пред 7-8 години, што очигледно тргнува по патот на една нејзина колешка која моментално е исто во домашен притвор, вели за Алфа адвокатот Јанаки Митровски.

Само еден ден откако според неговите зборови, имал здравствени проблеми, Мијалков се појави во Обвинителството во добра здравствена и физичка состојба. Според Митровски ваквото оправдување било смешно.

-Не може никој да убеди никого дека два дена цела Македонија го бара, цело семејство ви е во полициска станица, меѓутоа вие не сте знаеле дека сте баран, сте биле со симптоми на ковид, кој што пак е медицинско чудо, бидејќи сте го прележале пред три месеци, вели Митровски.