Не уценуваат но не се плашиме, порачуваат оризопроизводителите во очи на утрешниот протест на регионалниот пат Штип - Кочани. Локални моќници на власта им се заканувале дека ќе останат без работа, дека нема да добијат субвенции.

-Притисокот е огромен, но веќе не се плашиме.Што сака нека се случи, ние живееме од ориз. Ќе излеземе да си ја кажеме маката. Ако не слушне некој арно, но да не исплашат повеќе не можат. Од куќа на куќа одат и претат. Нема да земете субвенции, ќе ве бележат, детето ќе ти го избркат од работа, изјави за Алфа Здравко Арсов од Иницијативниот одбор на оризопроизводители.

Оризопроизводителите бараат на утрешните барикади до нив да застанат и народните избраници од 3 И.Е., од кои ќе бараат да им објаснат зошто не ги оствариле ветувањата што им ги дале во време на кампањата .

„Кампањата им беше штом ќе дојдеме на власт, оризовата арпа ќе се продава за 25, а оризот за 50денари. Од сето тоа ветер и магла, ништо нема„ – изјави Арсов.


Администратор
23/02/2021 01:58