ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Д.С.(38) поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „измама при добивање кредит или друга погодност“ и против правно лице од Прилеп, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „Измама при добивање на кредит или друга погодност“ .

Д.С. во текот на 2016 година, како невработено лице, со намера да се стекне со противправна имотна корист, поднел апликација за активна мерка по Програмата и Пријавата за користење на грант согласено условите од Програмата .

По одобрување на апликацијата основал фирма од Прилеп и склучил Договор со Агенција за вработување и УНДП по кое искористил средства за директна набавка на опрема и материјали во вредност од 185.000 денари, на штета на Буџетот на Република Македонија, меѓутоа спротивно на договорот и обврските, воопшто не реализирал финансиски трансакции и исплата на бруто плати, а фирмата по службена должност од страна на Централен регистар во тек на 2019 година била ликвидирана.


Администратор
27/01/2021 04:46