Американскиот Сенат со големо мнозинство го потврди именувањето на Ентони Блинкен за шеф на американската дипломатија, шест дена по инаугурацијата на новиот претседател на САД, Џо Бајден.

Новиот државен секретар е одобрен со 78 гласови „за“ и 22 гласа „против“, што е многу подобар резултат од неговите претходници Рекс Тилерсон (56 гласови) и Мајк Помпео (57 гласови).

Голем број републикански сенатори гласаа за Блинкен.

Тој минатата недела за време на разговорите во Сенатот вети дека ќе ги „заживее“ сојузите кои се загрозени за време на претходниот американски претседател Доналд Трамп и ќе ги врати САД на „првата линија“ по унилатерализмот и поделбите кои ги застапувала поранешната американска дипломатија.

Идниот американски државен секретар ги придоби симпатиите на републиканците, откако изјави дека Трамп „со право заземал цврст став кон Кина“.


Администратор
26/01/2021 20:37